еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Ослободени тројцата косовски полицајци кои ги уапси Србија

Совет на Вишиот суд во Краљево го потврди обвинението против тројцата припадници на косовската полиција и донесе одлука со која на обвинетите им е укинат притворот.

Адвокатот од Белград, Градимир Налиќ, кој ги застапува уапсените косовски полицајци во Србија, потврди за Радио Слободна Европа дека им е укинат притворот и дека, како што изјави, тие во моментот се ослободуваат.

„Обвинението е потврдено, а притворот е укинат и ќе се бранат од слобода“, рече Налиќ и додаде дека полицајците се враќаат на Косово.

Тој рече и дека „во интерес на клиентите“ не може да каже ништо повеќе за овој случај.

Унгарскиот премиер Виктор Орбан на Твитер напиша дека српскиот претседател Александар Вучиќ го информирал дека „во согласност со нашиот договор од минатата недела, Србија наскоро ќе ги ослободи од притвор косовските полицајци“.

„Многу го цениме чекорот на Александар Вучиќ“, изјави Орбан.

Првично судот донесе одлука за 30 – дневен притвор на тројцата полицајци.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

На уапсените косовски полицајци им е одреден притвор и е започната истрага

МИА/Фото: српско МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Општина Гази Баба склучи договор со “Филип инженеринг“ вреден над 1 милион евра

Редакција

Вевчанците кои на Вевчанскиот карневал го запалија бугарското знаме, треба да платат 17.000 евра казна

Редакција

Каков имот пријавила Анита Бошковска, која е избрана за судијка во Врховниот суд

Редакција