еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Сите живи американски претседатели се директни потомци на робовладетели, освен Трамп, покажува истражување на Ројтерс

Американскиот претседател Џозеф Бајден и сите живи поранешни претседатели на САД, освен Доналд Трамп, се директни потомци на сопственици на робови, се нагласуѕва во заклучоци на истражување од новинската агенција Ројтерс објавено на нивната веб-страница.

Според агенцијата, предците на Џими Картер, Џорџ Буш, Бил Клинтон и Барак Обама имале робови.

Дел од фактите од истражувањето:

– Најмалку 100 членови на сегашниот Конгрес се директни потомци на предци кои имале црнци како робови – 28 отсто од републиканците и 8 отсто од демократите.

– Во групата се републиканските сенатори Мич Меконел, Линдзи Греам, Том Котон и Џејмс Ланкфорд и демократите Елизабет Ворен, Тами Дакворт, Џин Шахин и Меги Хасан.

– Претседателот Џо Бајден и секој жив поранешен претседател на САД, освен Доналд Трамп, се директни потомци на робовладетели: Џими Картер, Џорџ Буш, Бил Клинтон и Барак Обама.

– Гувернерите на 11 од 50 американски држави во 2022 година биле потомци на робовладетели, како и двајца судии од Врховниот суд на САД.

– Конгресните робовладетели беа меѓу најбогатите во Америка пред Граѓанската војна, три четвртини беа меѓу најбогатите 10 отсто.

– Во истражувањето на американската политичка елита, Ројтерс пронајде имиња на повеќе од 700 луѓе робови кои биле поробени од предци на актуелните лидери.

– Околу 23 отсто од испитаниците на новата анкета на Ројтерс/Ипсос рекле дека знаејќи дека предците на кандидатот имале робови ќе ги направи помалку веројатно да гласаат за тој кандидат, а белите испитаници рекле дека се свесни дека имаат предок робовладетел и поддржуваат плаќање на репарации за ропство.

МИА/Фото: Фејсбук/Трамп

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Истекува рокот на вториот јавен повик на Град Скопје, ниту еден возач од „Слобода превоз“ и „Макекспрес превоз“ не се пријавил на повикот

Редакција

Димитри Трповски избран за нов член на Управниот одбор на ТТК Банка

Редакција

Новинарот Мишко Иванов се повлекува од уредување на вести и дневникот на ТВ „24“, а и од политички соочувања

Редакција