еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Обвинителство отвори истрага за багеристот кој усмрти жена на пешачки во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило – тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, според член 300 став 2 во врска со член 297 став 1 од Кривичниот законик.

– Осомничениот 42-годишник од Скопје вчера на улицата „Јордан Мијалков“ во Скопје, управувал мобилна машина „лиебхерр“ без да се придржува кон прописите на јавниот сообраќај и го довел во опасност животот на луѓето.

На обележан пешачки премин, со машината удрил во телото на една жена – пешак, која од ударот се здобила со тешки телесни повреди и починала, се наведува во соопштението на Обвинителството.

Непосредно по настанот, јавен обвинител извршил увид на лице место и издал повеќе наредби со цел да се испитаат сите околности и да се утврдат причините за сообраќајната несреќа. По еден дел од наредбите сѐ уште се постапува.

– За да го обезбеди присуството на осомничениот и непреченото водење на постапката јавниот обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерки на претпазливост – забрана за напуштање на живеалиште, обврска повремено да се јавува кај определено службено лице или надлежен државен орган, привремено одземање на патната исправа и на возачката дозвола, како и привремена забрана да презема определени работни активности кои се поврзани со кривичното дело, се додава во соопштението на Обвинителството.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Багер во центарот на Скопје удрил во 66-годишна жена која починала на лице место

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Денарот и банкарскиот систем се стабилни, инфлацијата ќе се стабилизира годинава, велат од „Стандард и Пурс“

Редакција

(Фото) Вицепремиерот Османи доброволно се пријавил да помага како лекар

Редакција

Со возило удрил во бандера и дрво кај „Тумбе-кафе“ во Битола

Редакција