еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Германски и американски компании продолжуваат да остваруваат големи приходи во Русија

Повеќе од 260 германски компании се уште се активни во Русија, со промет од над 23 милијарди долари, објави германскиот јавен сервис АРД.

„Германските компании во 2022 година ѝ платиле на руската држава даноци во износ од 402 милиони долари“, пренесува АРД.

Според истите податоци, во Русија моментално се активни 262 компании, кои во 2022 година оствариле промет од 23,2 милијарди долари.

По рускиот напад на Украина во февруари 2022 година, голем број германски компании ја напуштија Русија, но многу поголем број, околу две третини, останаа активни во таа земја.

Лани најголем промет во Русија со 3,4 милијарди долари оствари германскиот трговски концерн „Метро“.

Втората по големина германска компанија во Русија, енергетската Унипер, најави неодамнешно заминување од оваа земја.

Според АРД, другите германски компании активни во Русија не ги прекршуваат санкциите на ЕУ.

Од западните компании, само компаниите од САД се поактивни во Русија од германските компании, кои во 2022 година оствариле промет од 40 милијарди долари и платиле 712 милиони долари данок.

Најголемиот број од нив остваруваат приход преку продажба на тутун и алкохол, а предничи американската компанија „Филип Морис“.

Швајцарската „Нестле“ е меѓу западните компании со најголеми приходи.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Во петок се отвора новиот трговски центар Diamond Mall

Редакција

(Видео) Граѓани протестираа пред Владата против „францускиот предлог„

Редакција

Арбен Таравари останува градоначалник на Гостивар

Редакција