еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

За министерот Лога одлуката на Уставен за привремено да не важи графата за етничка припадност во изводите е беспредметна

Министерот за правда, Кренар Лога, смета дека времената мерка која Уставниот суд ја донел за упатството ќе биде беспредметна и наскоро ќе биде изработен прочистен текст.

Тој, одлуката на Уставен ја оцени како „купување време“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Уставен одлучи привремено да не важи графата за етничка припадност во изводите

– За укинувањето сметам дека требаше да биде од формален аспект, а не да се купува време. Јас ја почитувам нивната одука за времена мерка и најавувам дека ќе има нов прочистен текст на упатството, кој ќе биде деновиве пуштен за објавување.

Со тоа времената мерка ќе биде беспредметна, рече министерот Лога денеска на прес конференција.

Тој нагласи дека нема да покренува нова иницијатива во врска со други акти и заради процесни забелешки, како Законот за јазици и за Законот за Преспанскиот договор.

– Стојам на истиот став. Како и во претходните случаи, така и во овој. Уставниот суд треба да се произнесе за сите подзаконски акти, бидјеќи не е почитуван уставниот рок и не треба да поведуваат иницијатива. Тие добиваат Службен весник и не треба да поведуваат иницијатива за да го кажат нивниот став.

-Од утре, сите подзаконски акти ќе бидат доставени до Уставен суд од моја страна, рече министерот Лога.

МИА/Фото: МП

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бугарскиот амбасадор положи венец на гробот на „бугарскиот“ револуционер Гоце Делчев

Редакција

Oбвинителите на СЈО се враќаат во матичните обвинителства

Редакција

Детален преглед на состојбата со Ковид-19 по болниците низ Македонија

Редакција