еМагазин
Image default
Бизнис

Објавен тендер за претквалификација за втората фаза од автопатот Скопје-Блаце

Објавен е тендер за изградба на 10,5 километри од автопатската делница Скопје-Блаце, со кој се упатува покана за претквалификација за изведувач на активностите од втората фаза.

Повикот е отворен до 21 август годинава.

Објавата е достапна на веб страницата на Јавното претпријатие за државни патишта и Европската банка за обнова и развој, од која за проектот е обезбеден заем во износ од 167 милиони евра, а 20,8 милиони евра грант се на располагање преку Инвестициската рамка за Западен Балкан.

Автопатот Скопје-Блаце е во вкупна должина од 12,5 километри, а од мај 2020 година на терен се одвиваат активности за првата фаза, во должина од 2,5 километри.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бројот на патници на двата аеродроми зголемен за 30%

Редакција

Детален преглед: Растат цените на становите во Центар, благ пад на станбениот квадрат во Аеродром и Карпош

Редакција

Раст од 39,1%: Во првите шест месеци од годинава извозот 3,4 милијарди евра

Редакција