еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Забрана за вршење дејност за 30 работодавачи поради непочитување на мерките за топлото време

Од извршени 164 надзори најчесто во дејности каде што изложеноста на топлинската енергија е најголема, кај 30 работодавачи е издадено решение за забрана за вршење на дејноста, информира денеска министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска.

Таа при денешната посета на детската градинка „Кочо Рацин“ во рамки на кампањата „Здрав оброк за секое дете“, одговорајќи на новинарско прашање рече дека поради новите владини мерки и препораки за заштита на граѓаните од високите температури во изминантите неколку дена Државниот инспекторат за труд бил постојано на терен, при што од вкупниот број на надзори, кај 30 работодавачи биле изречени забрани за вршење на работа.

Поради топлотниот бран што ја зафати земјава, Владата донесе одлука бремените жени и лицата над 60 години да бидат ослободени од работа, во установите за згрижување на децата да не се практикува физичка активност и да не се изнесуваат децата на отворено во периодот од 11 до 17 часот, а единиците на локалната самоуправа, Црвениот крст и Центрите за социјални работи, во регионите зафатени со топлотниот бран да пружаат помош на осамени, стари, изнемоштени лица и бездомници.

-Државните органи и јавните претпријатија и установи да ги почитуваат препораките. Сите правни субјекти кои вршат активности на отворено, да ги запрат активностите во периодот од 11 до 17 часот, а ова особено се однесува на работата на градежните работници, стои во соопштението од Владата.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Седумгодишно дете од Прилепско лажно пријавило бомба во училиште

Редакција

Бојан Николовски е нов претставник на Владата во Надзорен одбор на ЕВН

Редакција

(Фото) Ковачевски со сопругата Елена на свечена вечера организирана од кралот и кралицата на Шпанија

Редакција