еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Истрага за 25-годишно момче од Виничани за убиство со умисла, прегазил соселанец со автомобил

Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 25-годишен жител на селото Виничани осомничен дека завчера со умисла лишил од живот едно лице, со што сторил кривично дело убиство.

Државното јавно обвинителство (ЈО) соопшти дека на 19. јули настанала вербална расправија за водоводна цевка во селото меѓу таткото на осомничениот и жртвата, по што осомничениот заминал дома, го зел автомобилот „фиат панда“, сопственост на неговиот татко, и со многу голема брзина се упатил директно кон оштетениот, намерно удирајќи го со возилото.

-При ударот, оштетениот со глава удрил во ветробранското стакло на автомобилот, излетал во воздух и се закачил на жичана ограда од двор, по што паднал на земјата, здобивајќи се со многу тешки телесни повреди од кои починал на самото место, информира ЈО.

Обвинителството посочува дека надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице, бидејќи постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство, можност да влијае врз сведоците на настанот, но и веројатност дека би можел да го повтори или да стори ново кривично дело.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пендаровски на Самитот „Македонија 2025“: Младите мора, првата шанса за успех да ја добијат дома

Редакција

Тешко повреден возач откако со „Мерцедес“ удрил во бандера

Редакција

Убава вест: Оздравени 259 пациенти болни од Ковид-19

Редакција