еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Македонскиот амбасадор во Јапонија отповикан, опозицијата тврди дека е поради сексуално вознемирување на колешки

Амбасадорот на Македонија во Јапонија, Горан Цеков со указ е повлечен од амбасадата по обвинувањата за сексуално вознемирување на колешки.

„Согласно законските надлежности и интерните процедури, Комисиjата во рамките на Министерството за надворешни работи му препорача на Министерот за надворешни работи, да ѝ предложи на Владата повлекување на досегашниот амбасадор на Република Северна Македонија во Јапонија, врз основа на член 3 од Уредбата за утврдување на работи кои се сметаат како незадоволителни резултати и работи со кои им се причинува штета на интересите на државата во работата на амбасадорот („Сл. Весник на РМ бр. 90/09).

Владата го прифати предлогот на Министерот за отповикување на вонредниот и ополномоштен амбасадор на Република Северна Македонија во Јапонија, по што, претседателот на државата го потпиша указот за отповикување, кој што беше објавен во Службен весник“, велат од Министерство за надворешни работи.

Неодамна пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски објави дека „повеќе од 10 месеци во Амбасадата се стигнати две сериозни претставки од две жени.“

„Едната од вработена во амбасадата во Токио, а другата од јапонска државјанка која имал повремени проекти со македонската амбасада во Токио. Двете поплаки се однесуваат на понижувачко, непристојно и непрофесионално однесување од страна на амбасадорот кон македонската државјанка, додека од јапонската државјанка, за жал, обвинувањата одат во насока за сексуално вознемирување,“ изјави Милошоски.

Фото: Амбасада на Македонија во Јапонија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Проф. Трајковски: „Најголем дел од случаите со омикрон, можеби и над 90% се асимптоматски“

Редакција

За време на Ковид-19 се купувале луксузни службени возила, а цените на исти производи варирале и до 500%

Редакција

Убава вест: Оздравени 442 лица кои боледувале од Ковид-19

Редакција