еМагазин
Image default
Забава

Пиволенд прераснува во „Skopje beer fest“

Оваа година традиционалниот „Гурмански викенд во Скопје – Пиволенд“ со нов концепт, ново интернационално име „Skopje Beer Fest“, нова локација, како и нови културно забавни содржини за љубителите на пивото.

„Skopje Beer Fest“ ќе се одржи од 20 до септември на стадионот на Армијата во Градски парк, а влезот за посетителите ќе биде бесплатен.

Фестивалот оваа година на посетителите ќе им понуди различни видови на пиво од Македонија и светот, атрактивна сцена за артистите, богата локална кујна, одлична музичка програма, како и голем број забавни активности.

Новиот концепт на „Skopje Beer Fest“ има за цел промоција на македонски и интернационални брендови на пиво, креирање на пивски бренд фестивал на локално и регионално ниво, зајакнување на пивската култура во Македонија, креирање на можност за зголемена продажба и промоција на сите пивски брендови, како и промоција на Град Скопје како град на љубителите на пивото.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото+Видео) Лила Филиповска: Биди горда што си жена

Редакција

Новиот Супермен е бисексуалец, синот на Кларк Кент ќе се заљуби во новинар

Редакција

(Фото) Еден куп нови бебиња во скопската Зоолошка градина

Редакција