еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

(Фото) Државна лотарија го додели вториот автомобил од инстант лозот 7х7

Инстант лозот 7 х 7, продолжува да брои среќни приказни.

Три исти симболи од автомобил HYNDAI Bayon, во среќното место „Сити Тобако“, изгребала Константина Трпкоска, на која ги предадовме клучевите од вториот автомобил од вкупно 14, кои ги нуди инстант лозот 7х7.

Тимот на Државна лотарија  се сретна со добитничката пред автосалонот „Гранд ауто“ во Скопје, а Константина, заедно со нејзиното семејство ни ја раскажа среќната приказна.

Имено, Константина, при прошетка во Прилеп со нејзините две дечиња купила еден инстант лоз 7х7 да ја проба среќата. Тој лоз и донел добивка од 80 денари кои одлучила да ги замени со нов инстант лоз. Токму замената ги криела 3-те симболи на HYUNDAI Bayon.

Откако ја потврдиле добивката во „Сити Тобако“ и во Државна лотарија, Константина, возбудена, веднаш се јавила кај нејзиниот сопруг за да ја сподели радоста.

Инаку, семејство Трпкоски за себе велат дека редовно ја предизвикуваат среќата со игрите на среќа на Државна лотарија, а на останатите кои посакуваат ваков автомобил, среќната добитничка ги посоветува да играат редовно, затоа што никој не знае каде е среќата.

Да потсетиме: инстант лозот 7 х 7 стана најнов член на семејството на инстант лотаријата на Државна лотарија, како одговор на барањата на играчите. Лозот нуди вкупен фонд на добивки од близу 80 милиони денари, вклучувајќи 14 премии од кои 7 возила HYNDAI Tucson и 7 возила HYNDAI Bayon, како и парични добивки од 80 денари до 50.000 денари.

Воедно, ве поттикнуваме да подарите можност за среќа плус и во вашите планови за подарување да го вклучите и инстант лозот 7 х 7, со којшто може покрај возбуда и забава, да подарите возило или вредна парична добивка. Инстант лозот, може да е вашиот перфектен подарок.

ПР-објава

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

НЛБ Банка со нови современи начини на плаќање во НЛБ мКлик – мобилното банкарство

Редакција

„Алкалоид“ потпиша нов меморандум за соработка со Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ за Програмата за практикантство

Редакција

На апликацијата „МојВоздух/AirCare“, има официјални информации за заштита од корона вирусот

Редакција