еМагазин
Image default
Македонија

(Видео) Османи на табла ја нацрта преговарачката рамка, тврди дека Договорот со Бугарија нема да бил пречка

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи на табла ја нацрта преговарачката рамка со ЕУ, а во видеото со објаснувањето на процесот, тврди дека Договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Бугарија нема да бил пречка за Македонија.

-Прво, преговарачката рамка е поделена во два дела – општ и специјален дел. Во општиот дел се т.н. општи одредби од преговарачката рамка за коишто ниту се прави писмен извештај од Европската Комисија, ниту е потребно гласање од страна на Европскиот совет, т.е., од стана на земјите-членки на Унијата.

Во специјалниот дел се наоѓаат 35-те поглавја, за кои постојат одредници кои мора да се исполнат и за кои Европската Комисија подготвува извештај, а земјите- членки со гласање го одобруваат.

Овие одредници се содржани во трите патокази што ќе ги подготвиме после скринингот, а ќе ги усвои Европската Унија. Toa се: патоказ за владеење на право, патоказ за јавна администрација и патоказ за демократски институции. Во еден од овие патокази, патоказот за владеење на право, се наоѓа акциски план за малцинства, за сите малцинства, етнички или неетнички, наведува Османи.

Она што е поважно, тврди тој, е што во ниту едно од овие одредници, патокази или скалила во специјалниот дел од преговарачката рамка нема никаква референца или поврзаност со Договорот со Бугарија, никакви референци по прашањето на работата на Историската комисија, ниту пак прегледите од член 12 од истиот Договор.

-Напротив – и Договорот за пријателство и прегледите од член 12 од Договорот, како и Договорот со Грција се нотирани во општиот дел од рамката, делот за кој ниту се изготвува извештај од страна на Европската Комисија, ниту претставува предмет на гласање, или одобрување од страна на Советот на ЕУ, односно земјите-членки на Унијата.

Тоа не значи дека ние нема да работиме на нивната имплементација, ние секако ја имаме преземено таа обврска, но и тоа ќе го правиме во добра волја, но тие не се одредници за кои ќе се изготвува Извештај или ќе се гласа и оттука не можат да бидат основа за нова пречка на патот, тврди Османи.

Фото/видео: МНР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Оружјето со кое е убиена Вања се уште не е најдено, пријател на татко и имал снимка од возилото на Панче

Редакција

Ковачевски се повлече од лидерското место во СДСМ, го повика целото раководство да го направи истото

Редакција

До 2024 година треба да бидат заменети личните документи, кои се новите цени

Редакција