еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Младо момче загина, а тројца се повредени во сообраќајка на патот Крива Паланка-Ранковце

На 14.08.2023 во 01:28 часот во ОВР Крива Паланка било пријавено дека на магистралниот пат Крива Паланка-Ранковце, во село Љубинци, И.М. (21) од Крива Паланка, управувајќи патничко моторно возило „ауди“ со кривопаланечки регистарски ознаки, изгубил контрола и со возилото удрил во банкина на патот, информираат од СВР Куманово.

-Од здобиените повреди, возачот И.М. починал на местото, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош, соопшти денеска СВР Куманово.

Сопатниците Ј.С. (21), Х.С. (22) и М.С. (21), сите од Крива Паланка, се здобиле со повреди констатирани во Општата болница во Куманово.

Увид на место на настанот извршила екипа од ОВР Крива Паланка.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

При одлуката за цената на осигурувањето, да се земе предвид реалната состојба, велат од Националното биро за осигурување

Редакција

По повикот на Путин за мобилизација: Билетите од Москва до Белград во еден правец се продаваат и по цена од 5.600 долари

Редакција

Откажан забавниот дел на Вевчански карневал, минимално дефиле на маски

Редакција