еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Откажан забавниот дел на Вевчански карневал, минимално дефиле на маски

Вевчанскиот карневал го откажа забавниот дел од оваа манифестација поради загинувањето на млад жител на Вевчани во сообраќајна несреќа, соопшти денеска градоначалникот Спасе Кочовски.

„Вевчани сме мало место, сите сме како една фамилија. Вакви немили настани нѐ потресуваат. Вечерашниот концерт е откажан. Вевчани овој ден го чека цела година, меѓутоа, не на ваков начин,“ изјави Кочовски, кој по средбата со вевчанските друштва, информираше дека дефилето ќе се одржи во некоја минимална форма.

Министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска изјави дека не го препознава Вевачни вакво и изрази жалење и сочувство до фамилијата на младото момче.

„Јас, за жал, знам како изгледа таа болка. Цела ситуација е неизвесна. Тоа што ќе го одлучат граѓаните на Вевчани, денеска да се случува, тоа и ќе се случува. Наредната година, традицијата ќе продолжи понатаму. Се надевам вакви немили настани повеќе нема да има,“ изјави таа.

Младото момче кое загина во сообраќајна несреќа е Милан Мукоски, син на поранешниот пратеник Крсто Мукоски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во сообраќајна несреќа загина синот на поранешниот пратеник Крсто Мукоски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нова реалност: Нема да има странски навивачи на Олимписките игри во Токио

Редакција

И парното ќе поскапи, за колку ќе се знае утре

Редакција

Вакцинацијата не е задолжителна, но ќе биде ли „присилна“

Редакција