еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Горивата поскапуваат за денар ипол

Од полноќ поскапуваат бензините, дизелот и Екстра лесното масло за домаќинство за денар ипол, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Според оваа одлука, новата цена на „Еуросупер БС-95“ ќе биде 86,50 ден/лит, на „Еуросупер БС-98“ ќе изнесува 88,50 ден/лит, а дизелот ќе се продава по цена од 81 ден/литар. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство ќе изнесува 80,50 ден/лит.

Се зголемува и малопродажната цена на мазутот за 0,801 ден/кг, во однос на претходно утврдената цена и од полноќ тој ќе чини 46,592 ден/кг.

Новата одлука за зголемување на цените, од РКЕ ја образложуваат со зголемувањето на цените на нафтените деривати на светските берзи.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Галерија) Запознајте го Бојан Ковски, еден од ретките во земјава кој слика на човечко тело

Редакција

„Дрисла“ го доби тендерот за собирање и третман на медицински отпад од осум клиники вреден 631.000 евра

Редакција

Детален преглед: Што пишува во конечните амандмани на Уставот согласно договорот со Грција?

Редакција