еМагазин
Image default
Спорт ТОП СТОРИИ

Од ФК Тетекс велат дека Општина Тетово не им дава да играат на стадионот затоа што се Македонци

Од фудбалскиот клуб Тетекс на Фејсбук информираат дека ниту на стариот градски стадион, ниту на новиот градски стадион во Тетово, Тетекс, ФК Љуботен и ЖФК Љуботен немаат право на нивно користење, тренинзи и одигрување на натпревари.

-Ја користиме оваа прилика за да ја запознаеме пошироката јавност дека во моментов на стариот градски стадион, но и на новиот градски стадион, ФК Тетекс, ФК Љуботен и ЖФК Љуботен немаат право на нивно користење, тренинзи, одигрување на натпревари во лигата од засега непознати причини!

Екслузивно право на користење на двата стадиони има само ФК Шкендија!

Се запрашуваме, дали во 21-от век е нормално само поради тоа што сме МАКЕДОНЦИ кои живеат во Општина Тетово да немаме право на тренинзи на природна трева?

Со месеци, односно поточно од февруари навака одржани се неколку состаноци со градоначалникот и со челниците на општинската власт, но, од нив нема никаков договор и реализација на нашите барања.

Низ историјата, без никакви проблеми, со меѓусебна координација, сите клубови тренирале и ги играле своите натпревари на овие два стадиони. Денеска, наместо да се работи на што погоема кохезија кога е спортот во прашање, очигледно некои работаат на тоа македонските клубови да се дестабилизираат и дефоксуираат од целта.

Во истиот контекст, сакаме да потенцираме дека на стариот градски стадион се наоѓаат и нашите простории, соблекувална, простор за перална и слично, а тренинзите и натпреварите се играат на стадиончето на АМС, на вештачка трева. Чиста небулоза!

Па оттука сакаме да прашаме: Дали Шкендија е единствен клуб од Тетово кој има право на ова или се игра некоја дргуа игра во поаздина?

Апелираме до општинските власти за итно свикување на заедничка средба на сите тетовски фудбалски клубови и под нивно покровителство итно да се изнајде решение за овој проблем, без никој да е оштетен.

Во спротивно, ќе бидеме принудени да повикаме на протести се додека не обезбедиме фундаментални право за спортот и развој на спотрскиот дух кај младите, велат од таму.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од недела заладување со врнежи од дожд и снег и на пониски места

Редакција

“Катица да можеше и Орце Камчев ќе го земеше за адвокат: Твитер за распитот на Јанева за „Рекет“

Редакција

Нови 897 случаи на Ковид-19, оздравени 638, починати двајца

Редакција