еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

СДК: Голем број финансиски друштва вмешани во масовен грабеж преку брзи кредити со украдени податоци, 65 пријави во МВР за 7 месеци

Финансиските друштва за брзи кредити кои никој не ги контролира како и кому ги даваат парите, станаа кошмар за граѓаните кои иако никогаш не зеле таков кредит, добиваат известување дека треба да враќаат суми со високи лихварски казни за неплатен долг, пишува Сакам да кажам.

За седум месеци како што велат за порталот од МВР има 65 пријави за ваквиот грабеж.

-Како што дознаваат дека некој ги задолжил крадејќи им го името, презимето, матичниот број и адресата, и дека должат пари за кредит што не го зеле, оштетени граѓани пријавуваат во МВР. Има и такви кои не знаат дека некој им ги злоупотребил личните податоци и допрва дознаваат и пријавуваат во полиција.

Има и такви оштетени граѓани кои од страв од камати, да не им затропа извршител на врата или да не добијат тужби пред суд, веднаш ги плаќаат долговите кои не се нивни и не пријавуваат никаде, пишува Сакам да кажам.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Средношколецот од Скопје кој беше пронајден мртов починал по пад од висина

Редакција

Запленети 146.278 килограми тутун без платена акциза, буџетот оштетен за над 4,7 милиони евра

Редакција

Убава вест: Оздравени 154 пациенти заболени од Ковид-19

Редакција