еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

64-годишна жена ѝ дала на измамничка 21.900 евра и 17.900 австралиски долари за да ѝ ги смени, бидејќи банкнотите немало да важат

На 21.08.2023 во 10.40 часот во Полициската станица Ресен, М.М. (64) од Ресен пријавила дека била измамена од женско лице за сума од 2.622.200 денари.

Според пријавеното, пред околу една година, пријавената и рекла на М.М. дека треба да ги смени еврата и австралиските долари, бидејќи имало нови банкноти и старите немало да важат. Како што е пријавено, М.М. и дала 21.900 евра и 17.900 австралиски долари, а таа и ветила дека месечно ќе и исплаќа дел од парите.

Исто така, според пријавеното, пред околу еден месец пријавената повторно и се јавила и и кажала дека треба да ги размени и швајцарските франци, а откако и ги дала парите таа и кажала дека ќе и ги размени за неколку дена, бидејќи моментално немала доволно кај неа. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Камчев нема да добие 1,5 милион евра од Катица Јанева и Боки 13

Редакција

Билал Суџубаши реименуван за главен извршен директор и претседател на УО на Халк Банка

Редакција

Нови 99 случаи со Ковид-19 од 1.384 тестирања, најмногу во Скопје 33

Редакција