еМагазин
Македонија ТОП СТОРИИ

Бугарија не гледа причина да го смени ставот и бара исполнување на обврските

Бугарската влада нема причина да го смени ставот кон Македонија, а очекуваме да си ги исполни обврките кон Европската унија, вели бугарскиот премиер Николај Денков во интервју за „24 часа“.

Прашан дали Бугарија ќе ја промени позицијата кон Македонија, Денков нагласи дека нема никаква причина за тоа и оти разговорите сега се меѓу Македонија и ЕУ.

– Категорично не и нема никаква причина да ја промениме позицијата. Со реализацијата на т.н француски предлог, како резултат на кој беше укинато ветото, разговорот, всушност, повеќе не е меѓу Бугарија и Северна Македонија, туку помеѓу Северна Македонија и ЕУ. Тоа што се очекува е да си ги исполнат обврските пред ЕУ. Нема никаква причина да ја смениме нашата позиција, истакна Денков.

МИА/Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Еден убиен и еден ранет во пресметка со пиштол во Шишево

Редакција

Сите детали: Од утре започнува аплицирањето за зелена карта за САД за 2022

Редакција

Каков имот пријавил Назим Буши, кој ќе раководи со МВР до избор на новата влада

Редакција