еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Власта се уште нема 80 пратеници за уставните измени, седницата во Собранието ќе продолжи кога ќе се обезбедат

Пленарната седница на Собранието во однос на усвојувањето на амандманите за уставни измени започна и ќе продолжи тогаш кога ќе се создадат соодветни услови, во однос на бројот на пратениците коишто би поддржале таков процес, изјави премиерот Димитар Ковачевски.

Прашан дали може да се очекува до јануари продолжување на собраниската седница за уставни измени, со оглед дека следната година започнуваат внатрешни избори во Европската Унија, Ковачевски рече дека ова прашање е особено важно, со оглед на изборите кои следат.

–  Сега е моментот кога се носи ваква одлука, со оглед на тоа дека идната година и Европската Унија оди на избори и Соединетите Американски Држави одат на избори и Северна Македонија оди на избори. После тоа ќе се прави нова Комисија, нови тела на ЕУ, што секако дека тој процес ќе го одолговлечи во недоглед, изјави Ковачевски, одговарајќи на новинарски прашања по денешната посета на Регионален центар за стручно образование и обука „Киро Бурназ“ во Куманово.

Меѓутоа, нагласи Ковачевски, ние сме виделе како изгледа чекање и не носење на одлуки, посочувајќи дека нашиот пат во евроинтеграциите го започнавме со Хрватска пред многу години, а која денеска е земја членка на ЕУ, дел од Шенген зоната и земја која го има воведено еврото.

– Колку напредувала Хрватска, а каде сме ние кои што сме го започнале процесот заедно. Ние, дури минатата година, благодарение на одлуките на оваа Влада и коалиција ги започнавме преговорите со ЕУ, а можевме да бидеме членки на ЕУ, изјави Ковачевски.

Меѓутоа, посочи Ковачевски, некој овде 11 години сакаше да промовира и продава културно-историски и финансиски патриотизам.

– Да ги подгрева чувствата на граѓаните, кои што се одразија негативно и на нашите односи со соседите, а се одразија негативно и на односите внатре во општеството и државата стана од лидер на интеграции, заедно со Хрватска пред 17 години, заробена држава, хибриден режим, 140-та по слобода на медиуми во светот со економски перформанси, кои што беа исклучително ниски и дупло полоши од тоа што го имаме денеска, изјави Ковачевски.

Политиката што 11 години се водеше, според Ковачевски даде само непосакувани резултати, додека политиката на интеграција покажува какви резултати и позитивни ефекти може да има врз граѓаните, државата и врз животниот стандард.

– Затоа треба по тој пат да продолжиме. Друга алтернатива нема, изјави Ковачевски.

Во однос на тврдењето на поранешниот собраниски спикер Трајко Вељаноски, дека гласањето за уставните измени треба да биде најдоцна денеска, Ковачевски рече дека Владата не раководи со седниците на Собранието, туку тоа го прави претседателот на Собранието и тоа прашање е за него.

– Во однос на толкувањето на Деловникот ќе ве повикам да разговарате со претседателот на Собранието, Талат Џафери, со оглед на тоа дека Владата не раководи со седниците на Собранието, туку тоа го прави претседателот на Собранието, а колку добар претседател на Собрание бил Трајко Велјановски, тоа можевме да видиме на 27 април, изјави Ковачевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Петресот за измена на Устав трае 10 дена, гласањето за уставните измени мора да се случи најдоцна денеска, вели Вељаноски

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Трагедија: Маж од Неготино почина, а жена е тешко повредена откако со „Пасат“ излетале од пат

Редакција

Не само ВМРО-ДПМНЕ и 80% од Македонците се против уставните измени: Денеска седница за усвојување на уставните измени

Редакција

(Вознемирувачко видео) Голема материјална штета од нападот на детската болница во Мариупол

Редакција