еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Петресот за измена на Устав трае 10 дена, гласањето за уставните измени мора да се случи најдоцна денеска, вели Вељаноски

За процедурата за уставните измени, денеска до јавноста преку писмо се обрати Трајко Вељаноски, поранешен претседател на Собранието.

Ви го пренесуваме истото:

-Во врска со дебатата во медиумите, а  во која се вклучени експерти, новинари, политичари, а на тема текот на 123 седница на Собранието на Република Македонија на чиј дневен ред е иницијативата за пристапување кон измена на Уставот на Република Македонија, дозволете ми да го истакнам следново:

Основно правило, но и правило од праксата, за пристапување кон измена на Уставот е веќе обезбедно 2/3 мнозинство пратеници.

Предлагачот на иницијативата кон измена на Уставот, во овој случај Владата, воопшто не требаше да си дозволи да покрене ваква постапка без предходно обезбедено 2/3 мнозинство.

Во досегашната пракса на Собранието на Република Македонија никогаш не се случило да се покрене постапка за измена на Уставот без претходно обезбедена политичка согласност од најмалку 2/3 од пратениците. Единствен исклучок е оваа постапка и насилната постапка за измена на Уставот по Преспанскиот договор.

Согласно член 196 став 1 од Деловникот за работа на Собранието на Република Македонија претресот за измена на Устав трае 10 работни денови и по завршување на претресот се пристапува кон гласање. Денес, на 1 септември завршуваат десетте работни денови откако беше отворена постапката и завршена расправата за измена на Уставот на собраниската седница број 123, закажана и одржана  на 18 август.

Гласањето мора да се случи најдоцна денес. Секое спротивно постапување не е во согласност со Деловникот.

Деловникот за работа на Собранието на Република Македонија не дозволува неизвесност со постапката од толку високо значење.

Во согласност со Уставот на Република Македонија односно неговиот член 67 и во согласност со Деловникот за работа на Собранието, односно неговите член 6 и член 60, претседателот на Собранието единствено го претставува Собранието и се грижи за примената на Деловникот и за остварување на правата на сите  пратеници подеднакво.

Политичките одлуки ги носи Собранието, а не претседателот на Собранието.

За излез од оваа ситуација потребно е согласно член 67 став 2 од Деловникот за работа на Собранието минимум 20 пратеници да бараат продолжување на 123 седница, а претседателот на Собранието согласно член 24 став 2 од Законот за Собрание  да постапи и свика ad hoc кординација на која би се договорил датумот на продолжување на 123. седница на Собранието, кога  ќе треба да се гласаат уставните измени

Доколку претседателот на Собранието на Република Македонија и покрај барањето на минимум 20 пратеници не закаже продолжение на седницата ја презема на себе целата одговорност, прави лоша практика. Се става над сите пратеници и конечно го изместува целосно политичкиот систем на институционалната поставеност на уставното уредување на Република Македонија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Власта се уште нема 80 пратеници за уставните измени, седницата во Собранието ќе продолжи кога ќе се обезбедат

Фото: Фејсбук/Вељаноски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Стентон градба“ го доби тендерот на ЕСМ за изработка на дренажни бунари вреден 2,8 милиони евра

Редакција

Поради пандемијата со Ковид-19, пад на продажбата на нови возила за 33%

Редакција

Од Ковид-19 починале 16 лица, 3 биле вакцинирани, а сите со коморбидитети

Редакција