еМагазин
Image default
Бизнис

Горивата поскапуваат од половина до 1,5 денари

Горивата од ноќеска на полноќ поскапуваат од половина до денар и половина по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Со одлуката се врши зголемување на рафинериските и на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,6, односно за 1,58 отсто.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, не се менува и останува 74 денари, а цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 0,50 денари и ќе изнесува 72,5 денари за литар. Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,50 денари и ќе изнесуваат 66, односно 54,5 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ, за 0,347 денари за килограм се зголемува и малопродажната цена на мазутот М-1 НС кој сега ќе чини 34,351 денари за килограм.

Како причина за зголемувањето на малопродажните цени на нафтените деривати, од РКЕ ги посочуваат за 3,61 отсто повисоката просечна цена на суровата нафта на светскиот пазар во изминатите 14 дена и за 1,412 отсто понискиот курс на доларот во однос на денарот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Цементарница Усје со зголемена добивка во третиот квартал

Редакција

Народна банка: Депозитите се сигурни и најбезбедни во банките

Редакција

(Галерија) ЕКСКЛУЗИВНО: Како ќе изгледа „Штип Сити Мол“ кој почна да се гради денеска

Редакција