еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Зеленски го смени министерот за одбрана Олексеј Резников

Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави дека одлучил да го разреши министерот за одбрана Олексеј Резников и да побара од парламентот да го замени оваа недела со Рустем Умеров, шеф на најважниот украински приватизациски фонд.

Најавата за разрешување што Зеленски во своето ноќно видео обраќање до нацијата може да го потресе украинскиот одбранбен естаблишмент, најсериозно од почетокот на руската инвазија, јавија западни медиуми.

Резников, кој беше назначен за министер за одбрана во ноември 2021 година, помогна да се обезбедат милијарди долари западна воена помош за воени цели, но неговото министерство беше оптоварено со обвинувања за корупција.

„Одлучив да го разрешам министерот за одбрана на Украина. Олексеј Резников помина низ повеќе од 550 дена војна. Верувам дека на министерството му требаат нови пристапи и други формати на интеракција со армијата и општеството во целина,“ рече Зеленски.

Промената на министерот за одбрана мора да биде одобрена од парламентот, но одлуката најверојатно ќе ја поддржат мнозинството претставници на Врховната Рада. Зеленски рече дека очекува парламентот да го одобри назначувањето на Умеров.

Умеров, 41-годишен поранешен адвокат, го води Фондот за државна сопственост на Украина од септември 2022 година и одигра чувствителна улога во воените преговори како што е Црноморскиот договор за жито.

МИА/Фото: Твитер/Резников

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ВИДЕО) Маж се разнесе со експлозив на фудбалски терен во Белгија

Редакција

(Видео) Лозано објави нова песна „Маскенбал“, спотот е снимен во Венеција

Редакција

Го малтретирале комунистите и бил еден од првите членови на ОВК: Што пишува во биографијата на разрешениот Хазби Лика

Редакција