еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Денеска свежо време, со пад на температурата до 10 степени

Времето од изутрина ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, кои на места и особено на југоистокот ќе бидат поројни и повремено проследени со грмежи.

Преку денот ќе биде значително посвежо и ќе дува умерен до засилен северен ветер (и над 60 км/час) што ќе услови значително намалување на дневната температура за пет до 10 степени.

Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 19, а максималната ќе достигне од 16 до 22 степени. УВ индексот ќе изнесува 5.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд и услови за појава на грмежи. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне 20 степени.

Во вторник ќе преовладува умерено облачно време со услови за локален слаб дожд и ќе дува умерен до засилен ветер претежно од североисточен правец.

Во деновите потоа ветерот ќе ослабува и ќе се задржи стабилно, но посвежо време.

Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Доктор Кунгуловски: Вакцинирајте се, не дозволувајте лоши информации, инает или неукост да доведат до семејни трагедии

Редакција

(Видео) Почина Марија од популарната серија „Жикина династија“

Редакција

Уапсена жената која се обиде да ја нападне пејачката Елена Ристеска

Редакција