еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Точно е дека имаше кражби на лекови, вели поранешниот директор на Онкологија, Васев

Поранешниот директор на Клиниката за онкологија, Нино Васев за ТВ 24 потврди дека во неговиот мандат се случиле две кражби на лекови за што институциите биле уредно известени и кражбите биле пријавени, а вработените во Клиниката кои учествувале во кражбите биле суспендирани од работа.

„Во време на мојот мандат кој беше во заедништво со тогашниот организациски директор Нехар Нухи сме пријавиле две кражби на лекови и истите кражби беа уредно пријавени до надлежните институции.

Вработените кои учествуваа во кражбите на лекови беа мандатно отстранети од работните места – односно шест месеци беа суспендирани од работа“, вели тој за ТВ 24.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Од Клиниката за онкологија и од два стана во Скопје одземени и дадени на вештачење компјутери и документација

На прашање на телевизијата дали во негов приватен стан влегла полицијата и обвинителите, екс директорот одговорил дека не може да коментира.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Што објавија медиумите за наводите за криминал на Онкологија

Денеска протест пред Владата и Министерството за здравство за наводите за криминал на Онкологија

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Српска „Политика“: Груевски ги раскарува Америка и Русија

Редакција

Димитровска: Коментирате за Нотр-Дам, но не и за Курбиново, Перивлепта, Шарената џамија

Редакција

„Руд-коп“ го доби тендерот за ископ на јаловина во Брод Гнеотино вреден 5,3 милиони евра

Редакција