еМагазин
Image default
Бизнис

Извозот во првите седум месеци зголемен за 3,8%, а увозот намален за 7%

Вкупната вредност на извозот на стоки од земјава, во периодот јануари – јули 2023 година, изнесува 4.947.787 илјади евра и бележи пораст од 3,8 % во однос на истиот период од претходната година.

Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 6.434.993 илјади евра, што е за 7% помалку од лани. Трговскиот дефицит, во периодот јануари – јули 2023 година, изнесува 1.487.206 илјади евра, а покриеноста на увозот со извоз е 76,9 %, соопшти Државниот завод за статистика.

Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, електричната енергија и плоснатоваланите производи од железо или нелегиран челик, неплатинирани или необложени.

Во увозот најмногу се застапени нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав, платината и легурите на платина, необработени или во прав и благородни метали во колоидна состојба; соединенија, органски или неоргански, од благородни метали, хемиски дефинирани или недефинирани; амалгами од благородни метали.

Во периодот јануари – јули 2023 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Грција, Србија и Кина.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од 1. јуни полесно до работна виза во Германија, што е сменето во постапката?

Редакција

„Алкалоид“ лани со инвестиции од 1,5 милијарда денари и 210 нови вработувања

Редакција

ЗК Пелагонија со добивка во првите шест месеци

Редакција