еМагазин
Image default
Бизнис

„Алкалоид“ лани со инвестиции од 1,5 милијарда денари и 210 нови вработувања

Вкупните инвестиции во основни средства на Алкалоид АД Скопје, во периодот јануари-декември 2020 година, изнесуваат 1.571.226.812 денари, што е за 44% повеќе во однос на истиот период од 2019 година, информираат од компанијата.

„Реализацијата на инвестициските активности, вредни над 12 милиони евра, наменети за проширување на производните капацитети, како и за подобрување на енергетската ефикасност и за намалување на штетните емисии во воздухот, кои започнаа во 2019 година, се одвива во согласност со планираното“, велат од компанијата.

Во периодот јануари-декември 2020 година во „Алкалоид“ се реализирани 210 нови вработувања во Р.С.Македонија.

„На крајот на декември 2020 година во „Алкалоид“ во земјата работат 1.832 вработени, додека во друштвата и во претставништвата во странство има вкупно 560 вработени или вкупно 2.392 вработени во групацијата.

Со одлука на Управниот одбор на Алакалоид, во март 2020 година е одобрен и исплатен регрес за користење годишен одмор за вработените во компанијата, во висина од 29.687 денари бруто, односно 26.718 денари нето.

Во декември 2020 Управниот одбор по повод новогодишните и божиќни празници, а имајќи ги предвид отежнатите услови за работење на сите вработени за време на справување со ковид пандемијата во 2020 година и во знак на благодарност, одобри исплата на новогодишен надоместок во нето износ од 25.000 денари“, велат од компанијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Како се движеше цената на акциите на Алкалоид минатата година

Кои се очекувањата на Алкалоид за престојниот период

„Алкалоид“ лани со раст на продажбата и добивката

Фото: Алкалоид

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во првите девет месеци бројот на домашните туристи зголемен за 33,7%

Редакција

Пендаровски ќе ја преставува Македонија на Светскиот економски форум во Давос

Редакција

Просечна нето плата во септември 32.553 денари

Редакција