Грција е во шок по вчерашното убиство на шест лица во атинското предградие Артемида, пренесува дописникот на еМагазин од Солун.
Како што јавуваат грчките медиуми во криминалната пресметка биле испукани околу 60 куршуми.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Во криминална пресметка во Атина убиени шест лица
Полицијата потврди дека жртвите се странски државјани, а грчките медиуми објавија дека станува збор за турски државјани, кои најверојатно биле нападнати од заседа од ривалска криминална група.
Тие имале француски документи, со турски имиња, кои според полицијата се фалсификувани, а убиените се етнички Курди.
Пет од нив биле пронајдени во автомобил со лажни германски регистарски таблици, а телото на шестото лице било во непосредна близина на возилото.
Полицијата трага по мотор и црн автомобил со кои наводно побегнале извршителите.
Фото: Newsit.gr/видео: Open TV