еМагазин
Image default
Бизнис

Во јули зголем бројот на туристи, особено на странските

Во јули годинава во земјава се евидентирани 197.273 туристи, од кои 46 % се домашни, а 54 % се странски, соопшти Државниот завод за статистика.

Бројот на ноќевањата во јули изнесува 742.970, од кои 71.4 % се од домашните туристи, а 28.6 % од странските.

Во периодот јануари – јули 2023 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 25.3 %. Кај домашните туристи има зголемување за 1.2 %, а кај странските за 44 %.

Бројот на ноќевањата, пак, во периодот јануари – јули годинава, во споредба со лани, е зголемен за 12.4 %, и тоа кај домашните туристи за 0.7 %, а кај странските за 28.4 %.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Марковски компани“ го доби тендерот на ЕЛЕМ за ископ на јаловина вреден 1,3 милиони евра

Редакција

Ќе ги продаде ли Трајче Заев акциите на Вице Заев во Герас Цунев-трговија и Герас Цунев-конфекција

Редакција

ГТЦ лани работел со загуба

Редакција