еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Бројот на загинати од земјотресот во Мароко надмина 2.800

Жителите на деловите на Мароко кои беа уништени од најтешкиот земјотрес во земјата во повеќе од еден век, и ноќеска спиеја на отворено четврта ноќ по ред, додека бројот на загинати се искачи на повеќе од 2.800.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Снимка од дрон го покажува ужасот од земјотресот во Мароко

Тимовите за потрага од Шпанија, Велика Британија и Катар се приклучија на мароканските напори за пронаоѓање на преживеани од земјотресот со јачина од 6,8 степени според Рихтеровата скала, што ги погоди планините Високиот Атлас доцна во петокот, уривајќи ги традиционалните куќи од кал кои се најбројни во регионот.

Државната телевизија доцна синоќа јави дека бројот на загинати се искачи на 2.862 и оти 2.562 лица се повредени. Бидејќи поголемиот дел од областа на земјотресот е во тешко достапни области, властите не објавија проценки за бројот на исчезнати.

Во селото Тинмел речиси сите куќи се уништени, а целата заедница остана без дом. Низ делови од селото се шири смрдеа од десетици мртви животни закопани под урнатините.

Жителите на Тинмел и други села изјавија дека со голи раце ги извлекле луѓето од урнатините.

Епицентарот на земјотресот беше на околу 72 километри југозападно од Маракеш, каде биле оштетени некои историски градби во стариот град, кој е на списокот на светско наследство на УНЕСКО.

Земјотресот предизвика голема штета и на историската Тинмел џамија од 12 век.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во Белгија уапсен македонскиот фудбалски агент Драган Сиљаноски, како дел од скандалот со наместените натпревари

Редакција

Убава вест: Оздравени 505 болни од Ковид-19

Редакција

Правата на сите граѓани мора подеднакво да се почитуваат и заштитуваат, порачаа сексуалните работнички на денешниот марш

Редакција