еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Над 330 милиони деца живеат во екстремна сиромаштија

Пандемијата предизвикана од Ковид-19 во голема мера ја забави борбата против сиромаштијата кај најмладите, а 333 милиони деца сè уште живеат во услови на екстремна сиромаштија, се вели во извештајот на УНИЦЕФ и Светската банка.

Агенцијата на ОН предупредува дека секое шесто дете во светот живее со помалку од 2,15 долари на ден и наведува дека 30 милиони деца би излегле од сиромаштија да не била пандемијата.

-Тешките кризи како резултат на Ковид-19, војните, климатските промени и економските шокови го запреа напредокот и оставија милиони деца во екстремна сиромаштија. Свет во кој 333 милиони деца живеат во екстремна сиромаштија, лишени не само од најосновните потреби, но и за достоинство, можности за живот и надеж, едноставно е неприфатливо, рече генералниот директор на УНИЦЕФ, Кетрин Расел.

Екстремната сиромаштија погодува дури 40 отсто од децата во Супсахарска Африка. Иако другите области во светот забележаа пад на детската сиромаштија во последниве години, Супсахарска Африка забележа голем пораст, првенствено поради галопирачкиот демографски раст, пандемиите и катастрофите предизвикани од климатските промени.

Луис Фелипе Лопез-Калва, директор за сиромаштија и еднаквост на Светска банка, рече дека овие деца не треба да се напуштат.

-Завршувањето на детската сиромаштија е политички избор, рече Лопез-Калва.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Невреме го оштети патот Штип-Свети Николе, а гром удри во куќа во Неготино

Редакција

Нови 333 случаи на Ковид-19 од 2.440 тестирања

Редакција

(Видео) Вознемирувачки сцени од Косово: Судир на КФОР и Срби, има повредени

Редакција