еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

За Петков посетата на Македонија била огромен успех

Вчерашната посета на Скопје беше огромен успех, оцени бугарскиот премиер Кирил Петков во Народното собрание по церемонијата на положување заклетва на Румен Радев и Илијана Јотова за втор мандат како претседател и потпретседател на Бугарија.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, според бугарскиот премиер, од една страна е подадена рака со одеењето во Скопје, а од друга страна Северна Македонија испратила нота која Бугарија ја чека две години.

– Оваа нота вели дека Република Северна Македонија нема претензии за територијалниот интегритет на Бугарија. Тоа е нешто многу нормално тие го кажат, но за оваа нота се разговараше и преговараше, а ние само затоа што направивме нов пристап ја добивме.

Тука треба да се разбере дека вчерашната посета беше огромен успех, рече премиерот Петков.

Важно, според Петков, е и што за време на посетата е постигната согласност за авионска линија од Софија до Скопје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вчера дознав оти Македонија нема да има територијални претензии кон Бугарија, вели Борисов за посетата на Петков

Средба Ковачевски-Петков: Бугарија се согласила на употреба на краткото име Северна Македонија

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пристигнаа 9.360 дози вакцини од Фајзер

Редакција

Твитерџиите гневни на предлогот на Заев за помирување: Онаа багра не влезе во куќата на Заев, туку во моето Собрание

Редакција

Муареми демантира дека против него е поднесена кривична пријава од страна на Обвинителство

Редакција