еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Муареми демантира дека против него е поднесена кривична пријава од страна на Обвинителство

Јас Арафат Муареми како директор на Управата за финансиска полиција и вработените во Управата, препознаваме и свесни сме дека овие намерно исценирани и неосновани напади кон нас, доаѓаат од еден ист центар за кој што во Управата, но, и во други институции веќе активно се водат соодветни постапки, во зависност од надлежностите на институцијата, се вели во соопштението до јавноста испратено од Управата за финансиска полиција.

Од таму велат дека очекуваат ваквите напади и притисоци да продолжат и во наредните денови, се додека органите на надзор и контрола активно работат на расчистување на неодамнешните случувања со незаконскиот претрес во нашата институција.

„Намерата на овие напади е повеќе од очигледна. Меѓутоа, во интерес на излегувањето на вистината на виделина, ќе се воздржам од дополнителни коментари на ваквите однапред целно смислени напади и сценарија и оставам надлежните институции да постапуваат согласно своите надлежности.

Дополнително, сакаме да нагласиме дека објавите во одредени медиуми дека Основното јавно обвинителство Скопје поднело кривична пријава против директорот на Управата се лажни и невистинити,“ вели Муареми.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Директорот на Финансиска полиција Муареми добил кривична пријава, пишува „Нетпрес“

Фото: Управа за финансиска полиција

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Управата за водење на матичните книги вработува пет лица, плата до 26.257 денари

Редакција

Мајката на Мицкоски позитивна на корона вирусот

Редакција

51% од населението над 40 години имаат примено барем една доза вакцина

Редакција