Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска потврди дека неговата мајка е позитивна на Ковид-19
Изјави дека со неа се немал видено подолго време и дека е направено епидемиолошко интервју и дека лицата кои што биле во нејзина близина веќе се наоѓале во самоизолација.
„Јас подолг период се немам видено имајќи го предвид ризикот на кој што сум секојдневно изложен, бидејќи се среќавам со луѓе и разговарам. Веќе неколку дена, околу 5-6 дена таа е во домашни услови и ѝ посакувам добро здравје.
За жал и кај нас во семејството ја почуствувавме директно оваа пандемија и се надевам дека побргу ќе помине. Ние сме тука да и ги олесниме деновите кои што доаѓаат во борбата против овој вирус“, рече Мицкоски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Бројот на заразени со корона вирусот во Македонија се ближи до 5.000
Фото: ВМРО-ДПМНЕ