еМагазин
Image default
Македонија

Пристигнаа 9.360 дози вакцини од Фајзер

Министерството за здравство информира дека вчера, во Македонија стигнале 9.360 дози вакцини од производителот Фајзер.

“Од нив 4.680 се преку директен договор што нашата земја го има со овој производител на вакцини против Ковид-19.

Според договорт, Фајзер секој понеделник во нашата земја испорачува од 5.000 до 7.000 дози вакцини, односно 26.000 дози предвидени за цел месец.

Останатите 4.680 дози вакцини Фајзер се добиени преку трилатерални договори во рамките на програмата „Тим Јуроп“ (Team Europe).

Преку оваа програма за поддршка во снабдувањето вакцини за Западен Балкан, што ја координира Австрија, во нашата земја во месец мај треба да пристигнат вкупно 19.890 дози вакцини.

Вчерашната пратка е втора по ред, а помошта за Северна Македонија која ја обезбедува ЕУ се вкупно 119.213 вакцини“, велат од Министерството.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ги откри ли командант Малишева напаѓачите на Јанакиески и Ристоски?

Редакција

Референдумот во фокусот на разговорите на американските конгресмени во македонскиот Парламент

Редакција

Бојко Борисов смета дека Бугарија лошо преговара со Македонија

Редакција