еМагазин
Image default
Македонија

Бојко Борисов смета дека Бугарија лошо преговара со Македонија

Стратешка цел на Бугарија е членство на Северна Македонија и Албанија во Европската Унија, изјави поранешниот бугарски премиер и лидер на Граѓани за европски развој на Бугарија (ГЕРБ), Бојко Борисов на средба со претставници на подмладокот на неговата партија.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, информирајќи дека разговарал со македонскиот премиер Зоран Заев, Борисов нагласи дека Договорот за добрососедство и пријателство од 2017 година е основа на односите на Бугарија со Република Северна Македонија

Борисов на средбата со партискиот подмладок оценил дека начинот на кој техничката Влада на Бугарија и бугарскиот претседател Румен Радев сега преговараат со Северна Македонија може да доведе до лош резултат за Софија или „ќе предизвика двете најблиски земји и нивните народи да се мразат во наредните децении“.

Тој апелираше до младите да сторат се што е можно со цел сегашните и идните генерации да не се мразат меѓусебе, при што го обвини Радев дека ја поделил Бугарија, предизвикувајќи поделби во општеството по прашањето за Северна Македонија.

Борисов истакна дека мисли оти сегашните власти во Софија лажат, но повика да се почека до Европскиот совет, кој ќе се одржи на 24 и 25 јуни.

– Пред тоа е Самитот на НАТО. Се надевам дека имаат храброст и вештини да ги водат преговорите што ќе ги направат двата народа на овие две соседни земји најпријателски, изјави Борисов.

Тој оцени дека во последните четири години, додека ГЕРБ беше на власт во Бугарија, неговата земја била лидер на Балканот.

– Политиката што сега се води ќе не натера да се замразиме, да се мразиме едни со други. Тогаш, зошто ќе ни се европски проекти? Влегувате во земја што не ве сака. Затоа јас и Зоран Заев се обидуваме работите да одат од долу нагоре, додаде Борисов.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Приведено е лицето кое пукаше во полицаец во Велес

Редакција

Меркел: Решавањето на спорот за името е многу важна вест

Редакција

Одбиено барањето на одбраната за изземање на обвинителката Стефанова од случајот „Плацеви на Водно“

Редакција