еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Клиниката Жан Митрев останува со стариот сопственик, нема договор за влез на стратешки партнер

Kлиниката Жан Митрев останува со старата сопственичка структура, информираат од таму.

-Завршните преговори за влегување на стратешкиот партнер холандскиот фонд Balkan Alliance Healthcare не завршија со конечен договор.

Остануваме посветени на нашата работа во Клиниката Жан Митрев и развивањето на стандардите во приватното здравството. Нашиот приоритет остануваат нашите пациенти и инвестициите во овој домен нема да се намалат.

По 23 години успешно опстојување ја продолжуваме мисијата за воведување повисоки стандарди во здравствените услуги во земјава.

И покрај потешкотиите што ги имаме поради блокираната сметка продолжуваме и понатаму да инвестираме и да се развиваме. Во моментов менаџментот на Клиниката не води преговори со други заинтересирани компании, велат од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој сака да ја купи клиниката „Жан Митрев“

Судот ги блокира сметките на клиниката Жан Митрев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Намалување на маржата на 10% на основните прехрамбени производи стартува денеска

Редакција

(Фото) За именденот на синот Михаил семејството Здравески донирале вода и овошје во прилепската болница, одлична идеја за идните слави

Редакција

Гранит со зголемена добивка

Редакција