еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Во Хрватска кај пиперки увезени од Македонија откриен токсичен пестицид

Забранет пестицид е откриен кај пиперки од Македонија кои биле увезени во Хрватска, пренесуваат хрватските медиуми.

-Во пиперките од Северна Македонија откриени се остатоци од пестицидот форметанат. Ризикот е сериозен, се наведува во известувањето од Европскиот систем за брзо предупредување за храна.

Форметанат, како што се посочува, е исклучително ефикасен инсектицид кој се користи во производството на овошје и зеленчук. Многу земји сè уште го користат, но во ЕУ е забранет поради сомневање дека може да влијае на здравјето на луѓето.

Овој инсектицид е високо акутно токсичен доколку влезе во организмот по орален пат, умерено токсичен ако се вдишува, а има ниска акутна токсичност ако се нанесува на кожата.

Клиничките знаци по акутна и хронична изложеност на форметанат кај стаорци се намалена телесна тежина, а кај кучињата прекумерна саливација (зголемување на лачењето на плунковните жлезди), отежнато дишење, тремор, повраќање, кашлање.

МИА/Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: Оздравени 274 заболени од Ковид-19, од Скопје 138

Редакција

Пациентот на кој минатата среда му беше трансплантирано срце пуштен на домашно лекување

Редакција

Откажани утрешните летови Атина – Скопје и обратно, поради штрајк на контролорите на летање

Редакција