еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Шведскиот премиер побара помош од војската за справување со пресметките помеѓу криминалните банди

Шведскиот премиер Улф Кристерсон го повика врховниот командант на шведските вооружени сили Микаел Бајден да помогне да се спречи порастот на убиства поврзани со конфликтот меѓу криминалните банди.

Двајцата денеска ќе се сретнат со началникот на полицијата за да разговараат за улогата на војската, јави Би-Би-Си.

Бајден за весникот „Дагенс нихетер“ изјави дека е подготвен да и помогне на полицијата. Не е јасно како точно ќе се вклучи војската, но имаше најави дека војниците би можеле да преземат некои полициски должности за да ослободат ресурси за полицијата за борба против криминалот.

Во Шведска овој месец во конфликт меѓу криминални групи загинаа 12 лица, што е најголем број од декември 2019 година, објавија локалните медиуми.

Кристерсон рече дека Шведска досега не видела вакво нешто и дека „ниту една друга земја во Европа“ не доживеала ваква ситуација. Тој изјави дека деца и невини случајни минувачи се повеќе страдаат во конфликти со банди.

Во извештајот на шведската влада објавен во 2021 година се наведува дека четири лица на милион луѓе умираат во пукотници секоја година, што е повисоко од европскиот просек од 1,6 на милион луѓе.

Шведската полиција ја поврзува високата стапка на криминал со лошата интеграција на имигрантите, проширувањето на јазот меѓу богатите и сиромашните и употребата на дрога.

МИА/Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ВМРО-ДПМНЕ нема да учествува во работната група за уставните измени

Редакција

Родилка од Делчево почина на КАРИЛ, новореденчето е на механичка вентилација на Детската клиника во Скопје

Редакција

Убава вест: Нема починати од Ковид-19 во изминатото деноноќие

Редакција