еМагазин
Image default
Техно ТОП СТОРИИ

Вештачката интелигенција ќе ја надмине човечката во сите сегменти за 10 години, вели шеф на јапонска корпорација

Вештачката општа интелигенција (AGI) ќе ја надмине човечката интелигенција во речиси сите полиња во рок од 10 години, изјави Масајоши Сон, извршен директор на јапонската инвестициска корпорација SoftBank.

„Погрешно е да се каже дека вештачката интелигенција не може да биде попаметна од луѓето, бидејќи ја создале луѓе. Таа сега учи сама, тренира сама и сама носи заклучоци, исто како и луѓето“, нагласи Сон, јави Cи-Ен-Ен.

Говорејќи на корпоративната конференција на SoftBank World, тој најави дека во иднина AGI ќе биде десет пати поинтелигентен од збирот на целата човечка интелигенција.

МИА/Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Eлектричните возила e-go ќе се произведуваат во Тетово, велат од Владата

Редакција

(Галерија) Турција е топ туристичка дестинација летово: Работливи, гостопримливи и љубезни

Силвана Жежова

КПУ Идризово склучи договор за набавка на храна со „Фодулмак“, вреден 1,1 милион евра

Редакција