Македонскиот премиер Димитар Ковачевски е дел од учесниците на третиот состанок на Европската политичка заедница, кој започна вчера во Гранада, Шпанија.
На состанокот учествуваат лидери од 47 земји, од кои 27 земји се членки на Европската Унија (ЕУ), како и земји од Западен Балкан, Швајцарија, Норвешка и Исланд, Азејберџан, Грузија, Турција и Украина.
Во Шпанија Ковачевски имаше неколку официјални и неофицијални средби, меѓу кои и со високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика и потпретседател на Европската комисија, Жозеп Борел и генералниот секретар на Европската служба за надворешни работи, Стефано Санино, премиерот на Шпанија, Педро Санчез, премиерот на Ирска, Лео Варадкар, холандски колега Марк Руте, премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, грчкиот премиер Киријакос Мицотакис, бугарскиот премиер Николај Денков, претседателот на Србија, Александар Вучиќ, претседателот на Украина, Володимир Зеленски, германскиот канцелар Олаф Шолц, претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен…
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Фото) Ковачевски со сопругата Елена на свечена вечера организирана од кралот и кралицата на Шпанија
Фото: Влада