еМагазин
Image default
Локално

Во Кавадарци натпревар во јадење лути пиперчиња

Меѓународен натпревар во јадење лути пиперчиња „Супер лут предизвик” ќе се одржи денеска во Кавадарци. За најхрабрите, како што велат организаторите, предвидени се вредни награди.

Натпреварот прв пат се реализираше минатата година, за време на стопанско-културната и туристичка манифестација „Тиквешки гроздобер”.

Слободанчо Василев од Кавадарци беше најдобар во јадење лути пиперки и освои ЛЦД телевизор, росоманката Весна Јаневска беше втора, таа доби сом од десет килограми, додека Бобан Милошевски од Скопје го зазеде третото место, а наградата беше ваучер од 1.500 денари во гостилница и еден крап.

МИА/Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Едно лице загина во пожар во селото Отошница

Редакција

Се тепале тројца на двајца на улица во Скопје

Редакција

(Фото) Струмица доби десет електрични автобуси, кои ќе почнат да сообраќаат од 11. септември

Редакција