еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Расте бројот на должници, покажува новата листа на УЈП

Управата за јавни приходи (УЈП) ја објави Листата на должници бр.10/2023 за долгови доспеани до 30.06.2023 и неплатени до 30.09.2023 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини, за кои вкупниот износ на долгот е повисок од 120.000 денари за физичките лица и самостојни вршители на дејност и повисок од 300.000 денари за правните лица.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Фирмите поврзани со Мијалков остануваат во Топ 10 должници, на Листата на УЈП и Супертрејд транспорт

На Листата се објавени се 1.783 должници – правни лица (повеќе за 49 од претходната листа) и 3.629 физички лица (повеќе за 253 од претходната листа).

Вкупно објавениот нето долг во Листата бр.10/2023 изнесува 8.194.906.425 денари, (помалку за 110.631.456 денари од претходната листа).

Нето-долгот за даноци и придонеси изнесува 8.052.452.652 денари, (помалку за 69.672.507 од претходната листа), додека долгот за царински давачки е 142.453.773 денари (помалку за 40.958.949 денари од претходната листа).

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кој е Беким Сали, наследникот на Венко Филпче

Редакција

Во Македонија пристигна најсовремената терапија за лекување пациенти со Ковид-19

Редакција

ММФ предвидува пад од 4 отсто на македонскиот БДП, а следната раст од 7 отсто

Редакција