еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Кој ќе го купи запленетиот имот на Груевски, еве што сè ќе се продава

По имот на поранешниот прв човек на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков, на јавна аукција ќе се продава и имот на поранешниот премиер Никола Груевски, кој стана азилант во Унгарија, откако избега таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

На Груевски му се одземени два стана и три апартмани во Скопје и градежно земјиште

Од имот на Мијалков државата собра 244 илјади евра.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Државата продаде два стана и земјиште на Мијалков, собра 244 илјади евра

Државата пак на Груевски му одзеде два стана на ул. Бихачка и три апартмана во Панорама резиденс во Скопје, како и градежно земјиште во скопски Центар и Норово.

„Со влегувањето во Владина постапка започна враќањето на паричните средства во буџетот на државата од одземениот имот на поранешниот премиер Никола Груевски.

Станува збор за два стана кои што се наоѓаат на ул.Бихачка еден од 65м2, другиот од 44м2 на КО Кисела Вода 1, одземени со правосилна пресуда III KOK.бр.63/21 од Основен кривичен суд Скопје.

Покрај овие два стана одземени се и три апартмани во Панорама Резиденс како и градежно земјиште во КО Центар и градежно земјиште во КО Норово за кои што исто така, во најкратко време, ќе бидат ставени во постапка за продажба”, информираа од Агенцијата за управување со одземен имот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Државата продаде дел од имотот на Мијалков, ќе се продадат ли и неговите акции

Фирмите поврзани со Мијалков остануваат во Топ 10 должници, на Листата на УЈП и Супертрејд транспорт

Фото: Груевски/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Се уште немаат достоен споменик: 20 години од загинувањето на десетте бранители кај Карпалак

Редакција

Кој е Стевчо Јакимовски, кандидат на ГРОМ за претседател на Македонија

Редакција

Меѓународен ден на жената: Празник посветен на правата на жените и светскиот мир

Редакција