Од Агенцијата за управување со одземен имот информираат дека на поранешниот премиер Никола Груевски, кој избега во Унгарија, каде што стана азилант, му е одземен имот за случајот „Плацеви на Водно”, кој наскоро ќе оди на продажба.
Станува збор за два стана на ул. Бихачка и три апартмана во Панорама резиденс во Скопје, како и градежно земјиште во скопски Центар и Норово.
„Со влегувањето во Владина постапка започна враќањето на паричните средства во буџетот на државата од одземениот имот на поранешниот премиер Никола Груевски.
Станува збор за два стана кои што се наоѓаат на ул.Бихачка еден од 65м2, другиот од 44м2 на КО Кисела Вода 1, одземени со правосилна пресуда III KOK.бр.63/21 од Основен кривичен суд Скопје.
Покрај овие два стана одземени се и три апартмани во Панорама Резиденс како и градежно земјиште во КО Центар и градежно земјиште во КО Норово за кои што исто така, во најкратко време, ќе бидат ставени во постапка за продажба”, се вели во соопштението.
Фото: Груевски/Фејсбук