еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

НАТО започна со вежби со нуклеарно оружје во Европа

НАТО ги започна своите годишни воени вежби со нуклеарно оружје, потврди денеска за ДПА портпаролот на западната одбранбена Алијанса

До 60 авиони ќе бидат вклучени во вежбата „Steadfast Noon“, која ќе трае до четврток следната недела. Тие вклучуваат модерни борбени авиони, но и авиони за надзор и танкер, како и бомбардери Б-52 со долг дострел.

Оваа година маневрите се одвиваат главно во воздушниот простор над Италија, Хрватска и Медитеранот. Учествуваат вкупно 13 членки на Алијансата.

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг минатата недела изјави дека руската војна против Украина е потсетник за важната улога на нуклеарното оружје за одвраќање. Иако се работи за рутинска вежба за обука, маневрите ќе помогнат да се обезбеди кредибилитет, ефективност и безбедност на нуклеарното одвраќање, рече тој.

НАТО не објави никакви детали за вежбата и сценариото што го вклучува.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Денеска последен ден за купување граѓански обврзници од втората емисија

Редакција

Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони склучи договор со „Зобек мининг груп„, вреден 5,7 милиони евра

Редакција

1 ТВ престана да емитува програма, ќе остане ли без дозвола за работа?

Редакција