еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Апелација ја укина пресудата за „Tоплик“ и предметот го врати на повторно постапување

Апелациониот суд Скопје ги уважи жалбите на обвинетите за „Tоплик“, ја укина првостепената пресуда и предметот го врати пред Основниот кривичен суд Скопје на повторно постапување и одлучување.

– Апелациониот суд Скопје известува дека, постапувајќи по кривичниот предмет  КОКЖ-137/22, во јавноста познат како „Tоплик- Сончев град“, по одржана јавна седница на 08.06.2023 година, по советување и гласање на нејавен дел од седницата на 06.09.2023 година, донесе решение со кое ги уважи жалбите на обвинетите М.Ј од С., Т.Ѓ од С., Д.Д. од С., М.Т. од С., Д.Ѓ.од С. И В.Т. од С., изјавени преку нивните бранители, ја укина првостепената пресуда и предметот го врати пред Основниот кривичен суд Скопје на повторно постапување и одлучување, се вели во соопштението од Апелационен суд Скопје.

Од Апелација, посочуваат дека вака донесената неправосилна одлука ќе биде објавена во целост на веб страната на судот, согласно Начелниот став на Општата седница на Врховниот суд од 21.12.2022 година.

Основниот кривичен суд во Скопје во април 2022 година го осуди на казна затвор од 3 години и 6 месеци првоосомничениот за случајот „Топлик“, поранешниот министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески. За злоупотреба на службената положба и овластувања, обвинети се уште пет лица од Министерството за транспорт и врски, кои биле членови на Комисијата за јавни наддавања.

Претседателот на Комисијата Томе Ѓурчиловски доби затворска казна во траење од три години, додека останатите членови на комисијата добија условни казни затвор од две години.

Според обвинението за предметот, кој беше отворен од поранешното Специјално јавно обвинителство (СЈО), првоосомничен е Јанакиески, кој како раководно лице во Министерството, спротивно на Законот за јавни набавки составил Комисија за јавни наддавања на која ѝ наложил да избере понудувач за купување и располагање со државно земјиште за изградба на елитниот комплекс „Сончев град“ во Сопиште, иако фирмата не ги исполнувала условите за тоа.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бензините поскапуваат за денар, а дизелот за половина денар

Редакција

Од Ковид-19 починаа девет лица најмладиот на 40-годишна возраст, дополнително пријавени уште четворица

Редакција

Митко Јанчев за Фокус: Немаме обезбедување, сопругата и децата излегуваат со мене

Редакција