еМагазин
Image default
Свет

Трамп предложил изградба на ѕид во Сахара за да се спречи илегалната миграција во Европа

Претседателот на САД, Доналд Трамп му предложил на шефот на шпанската дипломатија Жозеп Борел да подигне ѕид во Сахара за да ја запре илегалната миграција.

– Затворањето на пристаништата не е решение и изградба на ѕид во Сахара, како што неодамна ми предложи претседателот Трамп, исто така не е решение, истакна Борел.

Поранешниот претседател на Европски парламент не наведува кога го добил предлогот од Трамп. Борел само истакна дека на американскиот претседател му одговорил: „Знаете колкава е Сахара“.

Според официјалните податоци на Меѓународната организација за миграција од почетокот на годината во Европа преку Шпанија влегле над 38.000 мигранти. Шпанските енклави Сеута и Мелилја на африканскиот континент се заштитени со шестметарски ѕидови, но тоа не ги обесхрабрува мигрантите да се обидат да преминат на другата страна.

Сахара е долга околу 4.800 километри. Пустината речиси се протега низ целиот северен дел на Африка.

МИА/Фото: digitaltrends.com

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Вознемирувачки видеа) Најмалку 3.457 деца убиени во Газа, секојдневно се убиени или повредени повеќе од 420

Редакција

(Видео) Денеска милиони Муслимани за подршка на Газа ќе ги преплават улиците на Блискиот исток, но и ширум светот

Редакција

Војната во Украина во Европа ја зголеми побарувачката за оружје од американско производство

Редакција