еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

На Клиниката за Онкологија се инсталира новиот акцелератор, ќе се врши и обука на вработените

Министерството за здравство информира дека од денеска започнува инсталацијата на новиот акцелератор на Клиниката за радиотерапија и онкологија.

Министерот Фатмир Меџити инфомира дека првите две фази на демонтажа на дваесет години стариот акцелератор е завршена и направена е адаптација и реновирање на бункерот.

„Од денеска започнуваме со монтажата на новиот акцелератор Varian 6116 на Клиниката за Радиотерапија и Онкологија. Деинсталацијата на линеарниот акцелератор стар околу 20-тина години која започна во август е завршена и направена адаптација и реновирање на бункерот“, стои во информацијата

Во првата фаза се предвидува физичка инсталација на системот, по која следат мерења, калибрации, моделирања на системот до конечно пуштање во употреба.

Исто така се предвидува вршење на обука за работа до апаратот.

Согласно предвидената динамика инсталацијата и останатите активности се предвидува да завршат за околу 3-4 месеци, по што истиот ќе биде пуштен во употреба.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Заврши истрагата за Боки 13, Јанева и Кичеец за „Рекет“ во делот за Камчев

Редакција

Најголем број на граѓани вакцинирани со кинеската и руската вакцина

Редакција

„Анонимуси“ се заканија со нови напади: Хакираните страници на министерствата за образование и наука се уште не работат

Редакција