Државниот завод за статистика ги објави податоците за просечната нето плата исплатена во јули, годинава од кои може да се види дека убедливо на врвот на листата топ пет највисоки плати е секторот компјутерско програмирање, консултантски и сродни дејности каде просечната плата изнесува 60.112 денари.
На второ место е секторот воздухопловен транспорт со просечна плата од 51.504 денари, а на третото секторот финансиско-услужни дејности, освен осигурување и пензиски фондови со 45.061 денари.
Следуваат секторите производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати со плата од 43.392 денари и телекомуникации со просечна плата од 42.054 денари.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.